![Најава за храбра одлука: Баварија ја забранува продажбата на нови бензинци и дизели уште во 2035 година?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/09/diesel.jpg)
Најава за храбра одлука: Баварија ја забранува продажбата на нови бензинци и дизели уште во 2035 година?!
Ваква забрана ќе биде исклучително храбра одлука за покраината ако се знае дека токму во оваа покраинa работат Audi и BMW
Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Содер, смета дека забраната за нови регистрации на дизел и бензински мотори од 2035 година би била добра идеја. Неговиот партиски шеф Дирк Меснер изрази слично мислење како Маркус Содер и исто така повика на забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. „Калифорнија го покажа патот“, вели Меснер. Да потсетиме, американската држава донесе одлука за стопирање на продажба на нов бензинци и дизели во 2035 година.
За време на преодниот период, со оглед на транзицијата и со оглед на корона кризата, премиерот на Баварија го повтори повикот за бонус на купувањето автомобили со најсовремени мотори со внатрешно согорување. Систем за стимулирање, бонус за рециклирање или ваучер за замена би можеле да се користат уште неколку години при купување на помодерен автомобил.
Заменикот на парламентарната група на Зелените, Оливер Кришер, за потегот на баварскиот премиер вели:
– Го поздравуваме потегот на Маркус Содер. Се надеваме дека ова не е само еден од неговите политички поени, бидејќи е апсурдно да се повика на крај на моторите со внатрешно согорување и истовремено да се бараат бонуси за да се купат нови.
Организацијата Greenpeace изрази сличен став.
Како и да е, забраната за продажба на дизел и бензин би била крајно смела одлука за покраината од каде што потекнуваат и работат Audi и BMW.