Најатрактивниот Lamborghini добива наследник, ќе има над 1.000 КС
Најатрактивниот модел на Lamborghini не е Urus, туку Aventador, автомобил со класична италијанска градба и бескрупулозни перформанси
А за сето ова најзаслужен е 6.5-литарскиот V12 мотор, еден од најмоќните атмосферски мотори на пазарот. Но, ова се работи кои проаѓаа во 2011 година, кога моделот беше лансиран, па дури и во 2016 година кога беше редизајниран, но не и денес, кога автомобилските фанови бараат повеќе од еден „обичен“ бензински ѕвер.
Да, на повеќето од оние кои можат да си дозволат Lamborghini очигледно над 750 КС од SVJ изведбата не им е доволно. Тие сакаат повеќе, а тоа значи дека наследникот ќе мора да добие хибридна форма. Токму тоа е сознанието на Car Magazine кој навестува дека наследникот ќе биде уште помоќен. Добрата вест е дека агрегатот ќе остане класичен V12 мотор, но на помош ќе пристигнат три електромотори – два електрични мотори на предната оска и еден на задната. Во овој случај треба да се смета на значително поголема моќ од сегашниот модел, дури и повеќе од 1.000 КС.
Новиот модел, кој естетски ќе се потпира на концептот Terzo Millennio ќе има карбон (monocoque) основа, pivoting задната оска и дека, хибриден погон.
„Наследникот на Aventador ќе има атмосферски мотор и ќе биде plug-in хибрид, бидејќи тоа е оптимална комбинација на емоции за Lamborghini. И моментално не е проблем хомологацијата. Сигурен сум дека со филтри за честички ќе може да го исполниме Еуро 7 стандардот. Турбините не се во прашање. Наместо тоа, сакаме емоционално, секси и пожелно хибридно возило за нашите клиенти. А тоа е предизвик“, вели Маурицио Реџиани, шеф на технолошкиот развој на Lamborghini.