По Volkswagen, Seat и Porsche, и четвртиот член од оваа група, Audi, има проблеми со новиот систем за тестирање на емисиите на гасови и потрошувачката на гориво (WLTP)

Audi привремено го суспендираше производството на RS3 Sportback и RS3 Sedan за земјите каде важи ЕУ хомологацијата.

Овој систем за тестирање Audi го погоди и во Австралија, но во Инголштад, не се загрижени за продажбата, барем „Долу под“, бидејќи се очекува моменталните залихи да потраат неколку месеци.

Продолжувањето на производството на RS3 Sportback и RS3 Sedan се очекува на почетокот од следната година.

WLTP има значително влијание врз плановите на VW групата, бидејќи поради придржувањето кон новите стандарди, моделите како Seat Leon Cupra и Golf GTI изгубиле под 10 КС во моќност.

Мора да се каже дека промените, исто така, имаат влијание и на други производители, па така Peugeot го прекина производството на 308 GTi, како и бензинските модели на BMW од неговата Серија 7.