Кај посовремените автомобили, поплавен мотор значи многу проблеми, но не и кај стара Ladа

Русите кои стојат зад каналот Garage 54 веќе се имаат покажано како големи професионалци и луѓе кои имаат визија, особено кога осмислуваат каква задача ќе постават пред толку за нив саканата стара добра Lada. Во случајот, станува збор за Lada Samara, модел кој во едно минато време беше многу популарен и во нашата земја.

Автомобилот буквално презимил на дното од езеро, во кал и на длабочина која овозможува до нејзе да допре и мразот во текот на зимските месеци. Тоа значи дека целата каросерија е деформирана, па автомобилот воопшто не изгледа ветувачки. Ова особено се однесува на моторот, но изненадувачки, момците брзо добиваат искра на свеќичката. Следат уште неколку чекори. Епилогот можете да го погледнете во приложеното видео.