Челичната покривна конструкција со димензии 10х17 метри со фотонапонски модули ќе биде одалечена 5,5 метри од патот

На германскиот автопат до крајот на годинава ќе започне пилот-проект, кој треба целосно да го промени изгледот и функцијата на тамошниот автопат.

Според локалните медиуми, овие делници наскоро ќе се користат за производство на електрична енергија со помош на соларни панели.

Темелите ќе бидат поставени оваа година, а челичната конструкција со фотоволтаични елементи треба да биде поставена во првата половина на 2023 година. Челичната покривна конструкција со димензии 10х17 метри со фотонапонски модули од патот ќе биде одалечена на висина од 5,5 метри.

За тестирање на пилот-проектот е избран дел од автопатот во близина на градот Синген во сојузната покраина Баден-Виртемберг на југот на Германија.

Челниците на Autobahn и партнерскиот Институт за системи за соларна енергија (Fraunhofer ISE) моментално ја финализираат идејата за тоа како произведената енергија ќе се внесува во постоечката мрежа.

Идејата за поставување соларни панели на автопатот не е нова, сличен проект веќе започна и во Швајцарија, каде што сите делови од автопатите, освен тунелите, се покажале погодни за инсталација. Во тој проект, швајцарската влада има вклучено и звучни бариери, односно „ѕидови“ за заштита од бучава на автопатот, чиј годишен потенцијал за електрична енергија е 55 GWh. Тоа е 0,05 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Швајцарија.