На европските патишта расте бројот на суперкамери. Еве што можат да направат!
Откако беше поставена на главните патни коридори во Франција, првата супер камера работи и во Белгија
Уредот може да казни 32 лица истовремено за брзо возење, поминување на црвено светло, користење мобилен телефон и други прекршоци. Франција веќе извесен период ги користи токму овие камери.
Една таква камерата за брзина се наоѓа во Белгија на патот Е411 во близина на Биз и во моментов се користи само за да се провери дали возачите го следат пропишаното растојание. Супер камерата има опсег од 200 метри и истовремено може да ги следи возилата на осум ленти.
Камерата за брзина официјално се вика Mesta Fusion и е произведена во Франција. Уредот може да мери брзина до 300 километри на час во текот на денот и ноќта. Уредот исто така може да открие дали некој минува низ сообраќаен метеж во лентата за итни случаи. Во основа, сите можни прекршоци што ви доаѓаат на ум – камерата ги покрива.
Засега овој тип на камера во Белгија поминува низ тест периодот. Но веќе се најавува дека ќе бидат нарачани повеќе од 400.