
На Damiler му се заканува казна од 3,75 милијарди евра!
Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер, и се заканил на групата Damiler со парична казна од 3,75 милијарди евра поради возилата со дизел мотор кои наодно поседуваат уред за мамење на тестовите за емисии на издувни гасови
Германскиот весник Der Spiegel објави информација дека Шојер минатиот понеделник разговарал со првиот човек на Daimler, Дитер Цече за возилата на Mercedes-Benz во кои неодамна е пронајден нелегален софтвер.
Шефот на производителот од Штутгарт бил поканет на приватен разговор, за да одговори на прашања во врска со „нелегалниот“ уред и софтвер, кои се пронајдени во комби возилото Mercedes-Benz Vito од страна на регулаторното тело во Германија, KBA.
Како што е наведено, германскиот сообраќаен орган минатата недела му наложи на Daimler да го повлече од пазарот моделот Vito кој поседува дизел мотор од 1,6 литри произведен од компанијата Renault.
Претставници на Daimler изјавија дека ќе поднесат жалба против одлуката на KBA, која софтверот го класифицирала како нелегален, па дури дека ќе побара правда и преку судовите, ако е потребно.
Постојат тврдења дека и дизел моторите во моделите од C-класата исто така не се во склад со стандардите за емисии на штетни гасови.
Имено, Шојер изјавил дека постои можност дури 750.000 возила на Mercedes „да поседуваат нелегален хардвер и софтвер“, како и можност Daimler да биде казнет и до 5.000 евра по возило, наведе агенцијата Reuters.
Вториот состанок на министрите Шојер и Цече ќе се одржи кон крајот на месецот.