MWC 2018: Новите Galaxy S9 и S9+ ce паметен телефон изграден околу камерата / ВИДЕО
На ден ден пред официјалниот почеток на Mobile World Congress во Барселона, Samsung ги претстави своите нови предводници – Samsung Galaxy S9 и Galaxy S9+
Под мотото „Камера. Целосно нова“, новите паметни телефони на Samsung според дизајнот потсетуваат на своите претходници со индекс 8, но кријат бројни новини.
Водејќи се од идејата дека сите паметни телефони досега се дизајнирани првенствено за разговори во движење, а само инцидентно за фотографирање, Samsung целосно го променил начинот на кој размислуваме и наместо на телефонирање, фокусот го насочил кон камерата.
Затоа и новите Samsung Galaxy Ѕ9 и Galaxy Ѕ9+ всушност се камери околу кои е изграден паметен телефон.
Како што е истакнато на самиот почеток на претставувањето, променет е начинот на кој луѓето ги користат паметните телефони. Тие повеќе не се уреди само за зборување, туку сликите и фотографиите ги замениле зборовите.
Технологијата се уште е премногу комплицирана. Фрагментацијата и комплексноста ќе станат нешто од минатото. Нов Galaxy S9 учи од Вас за да го поедностави се она што го работите.
Благодарение на вештачката интелигенција во Samsung направиле IoT систем – SmartThings – кој го олеснува поврзувањето на уреди во заеднички систем и размена на информации. Значи, не е проблем со паметен телефон да се испрати порака до фрижидерот.
Уште една новина е сензорот развиен во соработка со Универзитетот во Сан Франциско, а кој всушност е оптички сензор кој ја следи работата на срцето и го мери крвниот притисок на корисниците.
Минатата година, луѓето направиле 1,3 билиони фотографии и испратиле 5 милијарди Emoji, па затоа во Samsung одлучиле да го променат начинот на кој се користат токму фотографиите и емотиконите.
Така S9 доаѓа со задна Super Speed Dual Pixel камера со резолуција од 12MP и AF сензор со OIS (F1.5 / F2.4), кој отворот на камерата го прилагодува на моменталната светлина. Втората задна камера доаѓа со резолуција од 8MP и AF (F1.7). Galaxy S9+ ги има истите камери со иста резолуција, но и нов двоен отвор на леќата – широко аголна Super Speed Dual Pixel камера од 12MP со AF сензор (F1.5 / F2.4) и телефото од 12MP со сензор AF (F2.4).
Благодарение на новиот чип, камерата може да обработува до 4 пати повеќе податоци отколку досегашната и веднаш да ги отстрани сите неправилности на фотографијата.
Покрај тоа, овозможен е и Super Slow-mo или забавно снимање на видео клипо, за секој настан да изгледа спектакуларно. За дополнителен впечаток придонесува музиката која автоматски се додава на видеото.
Во Samsung велат дека ги слушале примедбите на корисниците и читачот на отпечатоци го поставиле под камерата. За безбедноста освен читачот на отисок, се грижи и интелигентен скенер кој се прилагодува на потребите на корисниците и во зависност од ситуацијата нуди отклучување со препознавање на лицето или очите на сопственикот.
AR Emoji на љубителите на социјални мрежи и комуникации преку емотикони им обезбедува можност за создавање персонализирани емотикони од своите фотографии. Може да се креираат дури 18 персонализирани емотикони, кои иако се дизајнирани за новиот Samsung Galaxy, корисниците можe да ги споделат со своите пријатели, без разлика каков мобилен телефон имаат. Истите можат да се споделат преку апликациите WhatsApp и Facebook Messenger.
Посебен акцент на претставувањето е ставен на личниот асистент – Bixby – презентиран минатата година. Bixby сега ја користи проширената реалност за превод на натписи и текстови во реално време.
Покрај тоа, со камерата на S9 и S9+ корисникот може да слика храна пред себе и уредот сам ќе го идентификува она што е на фотографијата, која е хранливата вредност на храната и да ја впише во апликацијата Samsung Health.
За љубителките на шминка, Bixby дава можност за испробување на шминката и директно купување преку камерата, но за жал, за сега само во САД, Канада, Кореја и Кина.
Корисниците кои сакаат да гледаат филмови и серии на нивните паметни телефони, конечно „доаѓаат“ на свое. Samsung во новите уреди ја зголемил осветленоста на екранот со цел да биде јасно видлив и на јака сончева светлина, а додадени се и AKG стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos, со цел создавање на звучни ефекти во 360 степени. И преку звучниците и преку слушалките. За разлика од Apple, Samsung одлучи да го задржи класичниот слот за слушалки.
И новата генерација на паметни телефони на Samsung доаѓа со подршка за Samsung DeX. Со DEX падот, новиот систем на спојување, корисниците може да ги поврзат Galaxy S9 и S9+ со компјутерски монитор, тастатура и глувче, со цел проширување на мобилното искуство во компјутер.
Galaxy S9 и S9+ доаѓаат со Android 8 оперативен систем, 10nm 64-битен осум-јадрен процесор (2.7 GHz Quad + 1.7 GHz Quad) односно 10nm 64-битен осум-јадрен процесор (2.8 GHz Quad + 1.7 GHz Quad). S9 доаѓа со 4 GB, S9+ со 6 GB RAM меморија, а просторот за складирање, благодарение на microSD слотот може да биде проширен од основните 64 GB на 400 GB. S9 доаѓа со капацитет на батерија од 3000 mAh, додека S9+ со 3500 mAh. Двата уреди поддржуваат безжично полнење или брзо полнење преку класичен полнач.