Електричен луксуз за off-road! 

Германците не се особено задоволни од продажниот успех на моделот EQC. Сепак, овој модел е нивно деби во сегментот на електрични автомобили, па секое искуство е е добредојдено за понатаму.

Но, Mercedes не би бил тоа што е ако нема и некој „ас во ракавот“ за во вистинско време. Со презентацијата на EQC 4 × 4², од компнијата укажуваат на сериозните теренски можности на потенцијалните идни SUV модели.

Електричниот теренец не претрпел никакви промени кога станува збор за погонскиот систем, што значи дека сè уште се напојува од два електромотори, кои испорачуваат вкупно 408 КС и 765 Nm. Промените се на друга страна.

Очигледно е дека EQC 4 × 4² има различна суспензија, способна да се справи со сите теренски предизвици. Растојанието од земјата е зголемено за 153 mm и сега е 293 mm. Нападниот агол е 31,8 степени, а излезниот 33 степени.

EQC 4 × 4² е исто така значително поширок од стандардниот модел, па оттука и овие продолжени пластични додатоци над тркалата. Моделот добил и два нови режими за возење: Offroad и Offroad+. И во двата режима е применет различен алгоритам за управување со системот за контрола на пролизгување, а одговорот на притискање на педалата за гас е максимално „умртвен“.

[useyourdrive dir=”1S3BmWDzZd2Dz9uy4SeySdDxC93T-9Uc-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Сега за сега, EQC 4 × 4² е само концептен автомобил. Сепак, не треба да се заборави дека едно време G класата 4 × 4² беше само експериментален модел, за подоцна да заживее во сериско издание. Покрај тоа, неодамнешните најави на шефот на Mercedes, Олa Кaлениус дека ќе се изврши електрификација и на G-класата, може да покажат дека постои врска помеѓу претставениот EQC 4 × 4² и потенцијалниот електричен G-Wagen.