Mожно e: од автомобил фатил стрела во лет при брзина поголема од 200 km/h
Несекојдневно друштво и обид да се сруши уште еден рекорд за Гинис
Автомобилите не се невообичаена појава во обидите да се постигнат различни достигнувања кои се бележат во Гинисовата книга на рекорди. Последниот во серијата кој ја руши мистеријата за тоа дали е филмски трик или можен потег, заслужен е австрискиот огранок на Škoda.
Во обид да се открие дали е можно да се фати стрела во лет, кој се движи со брзина поголема од 200 km/h, на Škoda и помогнале австриската стреличарка и олимпијка Лоренс Балдауф, мајсторот во боречки вештини Маркус Хас и секако, брзата Octavia RS 245.
Идејата е следна – Лоренс Балдауф ќе исфрли стрела со брзина од 60 m/s или 215 km/h, а Маркус од движечката Škoda преку сончевиот покрив ќе се обиде истата да ја фати.
Така, додека автомобилот се движи рамно, а стрелата има параболична траекторија, Маркус има само неколку десетици метри за да ја фати, односно Маркус во пола секунда ќе мора да ја лоцира стрелата долга 70 см и да ја фати.
Се разбира, целата оваа акробатика и лов на Гинисов рекорд е направена со цел промоција на караван на Škoda. Треба да се каже дека станува збор за притаен „спортист“ со 245 КС и 370 Nm подготвен да сигне до 100 km/h за 6,6 секунди.