Може ли заменските делови да им конкурираат на оригиналните?
Кога треба да се заменат плочките на сопирачките и дисковите, тоа обично е скапо. Прашањето е дали секогаш мора да се користат оригинални резервни делови? Или пак може во предвид да се земат и алтернативни опции?
Германскиот авто-клуб (ADAC) тестирал неколку производи. Трошоците за поправка или замена се движат од неколку стотици евра до неколку илјади евра за скапи спортски егзотики.
Неовластени сервиси примамуваат со поволни понуди за поправки и ветуваат инсталација на високо квалитетни производи иако сега и се повеќе овластени сервиси, исто така, нудат промени на сопирачките под поволни услови за автомобили пет години стари, или кога сервисирањето во овластени сервиси обично престанува. Притоа не се инсталираат оригинални делови, туку нивни замени.
Колку се добри заменските производи?
ADAC тестирал неколку системи во VW Golf 7 во споредба со оригиналниот дел. Перформансите на сопирање и абењето биле тестирани со два различни циклуси на сопирање (умерено и силно сопирање), додека возачките тестови со Golf се фокусирале на влијанието на различните системи за сопирање врз однесувањето на возењето. Тестирани биле оригиналниот производ на VW, двa типа спортски сопирачки на Brembо и Zimmermann, сопирачки од АТЕ со намалено абење, сопирачки од Bosch како и ценовно поволна сопирачки од Ridex.
Разликите во трошоците за производите се огромни: додека VW наплатува 432 евра за четири дискови со плочки, истиот сет е достапен во Ridex за 100 евра. Заедно со тоа, секако, доаѓаат и трошоците за инсталација.
Сите го исполнуваат европскиот стандард UN-R 90 – и сите освен еден производ добиле оцена добар на тестот и биле еднакви на оригиналните делови од производител (само производот на Ridex добил пониска оценка). Значи, добриот квалитет не мора секогаш да биде скап. Растојанието за сопирање при 100 km/h се разликувало за само половина метар кај пет производи, па дури и малку послабиот Ridex сопирал само еден метар повеќе. Единствениот проблем бил кога оваа сопирачка ќе се загреела и тогаш имала послаби перформанси од другите. За победник на тестот е прогласена сопирачката од АТЕ, која била подобра и од сопирачките на VW.