Може ли? McLaren против борецот F-35 / ВИДЕО
Во новата сезона од серијалот Top Gear, Крис Харис зад воланот на McLaren Speedtail се спротивставува на борбениот авион F-35
McLaren Speedtail во себе носи „ергела“ од 1.050 коњски сили. За 12,8 секунди стигнува до 300 km/h, додека максималната брзина е дури 402 km/h.
Во оваа трка Крис Харис управува со прототип на хиперспортстот на McLaren, а за разлика од сличните одмерувања на моќ меѓу суперавтомобил и авион, оваа трка не е сведена на класично забрзување на пистата.
Speedtail и F-35 се на црта на почетокот на аеродромската писта, а по полетувањето авионот треба да направи еден „круг“ над аеродромот, додека задачата на McLaren е да го помине кругот на импровизирана патека во форма на триаголник, формирана од три писти за полетување односно слетување.
Трката е тесна, а победникот ќе го може да го дознаете на крајот од ова „адреналинско“ видео.