Може, ако се направени специјално за сопствениците на BMW 8-Series

Производителот на ексклузивни додатоци Montblanc претстави комплет за патување за сопствениците на купето BMW 8-Series. Се нарекува Montblanc x BMW Luggage Set и вклучува 5 различни торби, со вкупна цена од 14.900 евра.

За истиот износ можете да купите сосема нов автомобил, и тоа не од најниската класа. При дизајнирањето на комплетот, дизајнерите на Montblanc инспирацијата ја нашле од крајбрежната разновидност на Калифорнија.

Торбите се рачно изработени во фабриката во Фиренца, направени од перфорирана кожа и може да бидат црвени или црни. Ќе биде направена лимитирана серија од 15 комплети, а секој од нив вклучува торба за гитара, цилиндрична спортска торба, ранец, куфер и паричник.

Сите чанти се направени така за да се вклопат во багажникот на BMW 8-Серија. Комплетот може да се купи од BMW Welt во Минхен.