Навикнете се на тивките трки за забрзување бидејќи вака би можеле да изгледаат во блиска иднина

Tesla Model S Plaid е буквално светски рекордер кога станува збор за забрзување и ќе го задржи тој статус додека на патиштата не пристигнат Lotus Evia, Tesla Roadster и секако близнаците Pininfarina Battista и Rimac Nevera. А на таков автомобил со такво забрзување овој пат му се спротивставува мотоцикл.

Иако се работи за Harley-Davidson, ова е тивок мотоцикл. Да, Livewire е еден од првите електрични мотоцикли и нуди многу убедливи перформанси. Тој нуди максимален вртежен момент од самиот почеток, а забрзува до 153 km/h. Иако се напојува со електрична енергија, овој мотоцикл тежи само 250 килограми, што е околу педесет повеќе од најбрзите бензински мотоцикли.

Автомобилот на Tesla е значително потежок (2.161 kg), но и речиси десет пати посилен. Како сето ова изгледа во пракса, погледнете во приложеното видео.