MotoGP: Втора победа за Квартарaро и подиум за Роси по 15 месеци пост
Возачот на Petronas Yamaha, Фабио Квартаро, e големиот победник на трката за ГН на Андалузија во Херез
Ако младиот Французин минатата недела „лесно“ стигна до својата прва победа во кралската класа, овој пат имаше уште полесна работа, бидејќи водечката позиција ја задржа од почеток до крај на трката. Зад него, на второто место заврши Маверик Вињалес на Yamaha, додека неговиот тимски колега, Валентино Роси по 15 месеци пост, конечно заврши на подиумот и го освои својот 235 торфеј во кариерата.
Втората сезонска трка, воедно и втора возена на Херез оваа сезона, овојпат за ГН на Андалузија, не донесе возбудлива борба за победата, што не беше случај за останатите места на подиумот. Долго време се чинеше дека втората позиција е резервирана за возачот на Pramac Ducati, Франческо Бањаја. Италијанецот направи одличен пробив покрај возачите на фабричкиот тим на Yamaha во раната фаза на трката, потоа возеше одлично, но на шест круга до крајот, мораше да се откаже поради дефект на моторот.
До тој момент, Роси беше трет, но Вињалес по лошо извозената прва половина од трката му се доближи и почна да го предизвикува. Нивната борба беше решена во претпоследниот круг кога Шпанецот конечно успеа да се најде пред „Докторот“, кого потоа до крајот на трката го притискаше и Такаки Накагами на LCR Honda. Јапонецот на крајот мораше да се задоволи со четвртото место, пред возачите на Suzuki Жоан Мир, Андреа Довициозо на Ducati и Пол Еспаргарo на КТМ.
The fight for the remaining podium places went right down to the wire! ⚔️@ValeYellow46 didn't make it easy for @mvkoficial12 to nick 2nd place in the last few laps! ?#AndaluciaGP ? pic.twitter.com/Z6vMVStUsd
— MotoGP™? (@MotoGP) July 26, 2020
Првите десетмина ги комплетираа Алекс Маркез на Repsol Honda, Жоан Зарко на Ducati и Алекс Ринс на Suzuki, кој извозе херојска трка што настапи повреден во падот за време на квалификациите минатата недела. Покрај Ринс, повреден возеше и Кал Крачлоу, кој на крајот го зазеде 13-то место. Да споменеме и дека Марк Маркес и покрај тоа што се појави на патеката на саботните квалификации, сепак на крајот се повлече и одлучи да не настапи на трката, поради влошена состојба со повредата. Минатиот викенд, за време на првата трка во Херез, на шест круга до крајот, Маркес имаше тежок пад по што заврши со скршеница на десната надлактица.
За време на трката се забележани неколку инциденти, првиот по стартот, кога Бред Биндер направи грешка и го исфрли Мигел Оливеира од патеката, но самиот успеа да остане на патеката. Сепак, неколку кругови подоцна, Јужноафриканецот излета од патеката, исто како и Икер Лекуона, Џек Милер и Данило Петручи.
Резултати / Higlights:
? @FabioQ20 leads home Yamaha 1-2-3 as @ValeYellow46 returns to the podium!
Tune in to #AfterTheFlag for all the post-race reaction and analysis! ?https://t.co/deoyqHejUq#AndaluciaGP ? pic.twitter.com/TM8Qiqmvzt
— MotoGP™? (@MotoGP) July 26, 2020
MotoGP шампионат продолжува со ГН на Чешка на 9 август.