MotoGP: Ринс му ја „украде“ победата на Маркез на Силверстон
Втора трка по ред Маркез е поразен буквално пред целта – прво од Довициозо, сега и од сонародникот Алекс Ринс
Колку е интересен, а во исто време и екстремно опасен овој спорт, ни покажа веќе на стартот од трката на Силверстон, кога прво Фабио Квартаро падна од неговиот мотор, а со неги и Андреа Довициозо, кој колку и да сакаше неможеше да го избегне судирот.
Довициозо остана неподвижен во песокот покрај патеката, а неговиот мотор букна во пламен.
Добрата вест е дека Доввициозо нема никакви скршеници и не беше сериозно повреден, но претрпел краткотрајно губење на меморијата поради сериозниот удар со главата, по што беше однесен во болницата Ковентри на понатамошно испитување.
Што се однесува до трката, големата битка се водеше помеѓу лидерот во шампионатот, Марк Маркез на Repsol Honda и Алекс Ринс на Suzuki. Ринс уште од стартот го фати ритамот со Маркез, постојано му „дишеше“ во врат и со неколку добри маневри беше вистинска „напаст“ за сигурниот Маркез кој успеа да одолее.
Сепак, Ринс во еден момент покажа дека не сака да биде статиста и го помина Маркез, но актуелниот шампион веднаш врати, а потоа почна да прави и минимална разлика. Но, малдиот Ринс не се предаваше и кривини по кривина, постојано ја намалуваше разликата., за да во последниот круг видиме вистинска драма.
Возачот на Suzuki кој трпеливо ја чекаше својата шанса, ја доби по излезот од последниот свиок. Ринс прави одличен маневар по последниот свиок и во фото-финиш го „добива“ бранителот на титулата.
Откако го помина тимскиот колега Валентино Роси, во финишот на трката Вињалес од Yamaha успеа да се приближи до првите двајца, но не доволно и за нешто повеќе од последното место на пиедесталот. Роси кој заврши на четвртата позиција, освен во почетните кругови кога успеваше да парира на првите тројца, извозе соло трка.
Маркес практично е на чекор од освојувањето на титулата бидејќи сега има 250 бода на врвот на генералниот пласман, втор е Довичизо со 172, а трет е Ринс со 149.
Moto GP Silverstone 2019 Race highlights
https://youtu.be/yDDSBbP_4ZM
Следната трка во шампионатот во Мото ГП ќе се вози на 15 септември во Сан Марино.