Возачот на Repsol Honde, Марк Маркез ја забележа својата седма победа сезонава, откако славеше во Сан Марино на 13-та трка во кралската класа

Актуелниот шампион со својот 77. триумф во кариерата, негов шести на патеката Марко Симончели е чекор поблиску до освојување на осмата титула во кариерата. Со новата победа, Маркез се искачи на четвртото место на листата на победници на сите времиња, а пред него се Анхел Нијето, Валентино Роси и рекордерот Џакомо Агостини со 122 победи.

Шпанецот низ целта помина со девет десетинки предност во однос на Фабио Квартараро од Petronas Yamaha, додека трет беше возачот на фабричката Yamaha, Маверик Вињалес.

Маркез славеше во Мизано, откако во текот на целата трка го следеше Квартараро, кој водеше од самиот старт. Бранителот на титулата трпеливо го чекаше моментот да напад, а тој дојде во последниот круг, кога младиот Французин добро реагираше на првиот, но немаше сили за одбрана од вториот напад. Шпанскиот мотоциклист на тој начин го спречи возачот на Petronas Yamaha за прв пат да стигне во највисокото место на подиумот во кралската класа.

Вињалес по водството во првите неколку круга од трката, немаше сили во мотоциклот да се спротивстави на Квартараро и Маркез, но успеа да се одржи зад нив во текот на целата трка и во ниеден момент неговото трето место не беше загрозено од никого. Најдобар меѓу останатите беше Валентино Роси, пред Френк Морбидели од Petronas Yamaha, возачот на Ducati, Андреа Довициозо и Пол Еспаргаро на КТМ. Меѓу првите десет трката ја завршија и Жоан Мир, Џек Милер и Данило Петручи.

Со својата седма победа, Маркез направи уште еден голем чекор кон освојување на новата осма титула, бидејќи сега има 275 бода или 93 повеќе од Довициозо.

Moto GP Misano 2019 / Резултати:

Moto GP Misano 2019 / Race highlights:

https://youtu.be/vhzw35kM_0Q

Moto GP Misano 2019 /  Изјави по трката:

Марк Маркез

Фабио Квартараро

Маверик Вињалес

MotoGP шампионатот продолжува веќе следниот викенд со трката за ГН на Арагон.