МotoGP: Маркез се откажал од својата плата, Honda ја одбила понудата
Возачот на Honda, Марк Маркез, му соопштил на својот тим дека се откажува од платата за 2020 година, со оглед дека ја пропушти целата сезона, но челниците не го прифатиле неговиот предлог, пренесува шпански АЅ
Шесткратниот MotoGP шампион потпиша нова договор со Honda со траење до 2024 година на почетокот од минатата година, но сепак, целата последна сезона ја помина надвор од патеките поради тешката повреда на раката уште на првата трка во Херез.
Од таа причина, Шпанецот се одлучил на споменатиот гест, кој во Honda исклучително го ценеле, но не се согласиле со него.
Маркез се уште е во процес на опоравување и прашање е дали ќе биде подготвен за почетокот на сезоната на 28 март во Катар. Тој во наредните денови ќе помине низ детални лекарски прегледи во Мадрид, по што можеби ќе се знае датумот на неговото враќање.
Возачот од Сервара е член на Honda од 2013 година, од кога и вози во Кралската класа.