Одлуката на Марк Маркез ја потврдија и од Repsol Honda

Иако неговото опоравување оди во посакуваната насока, Марк Маркез нема да вози на преостанатите две трки оваа сезона.

По консултациите со неговиот тим, сите во Honda и бројните лекари, Маркез реши да не се врати на трките оваа година.

Од Honda стигна и потврда дека Стефан Брадл ќе ја доврши сезоната за тимот. Воедно истакнуваат дека се задоволни од она што го покажале Брадл и Алекс Маркез во текот на оваа сезона.

„Како прво, би сакал да му посакам се најдобро на Марк, додека продолжува со закрепнувањето по тешката повреда, но исто така да им се заблагодарам на сите во Honda за оваа можност. Направивме многу напредок од Ле Ман, a мислам дека и јас лично многу напредував. Не чека интересен крај на сезоната. Навистина се радувам на тоа“, вели Брадл.

Маркез се повреди на првата трка од сезоната и оттогаш, по две операции, се обидува да се врати на вистинскиот пат што е можно побрзо.