Возачот на Repsol Hondа, Марк Маркез, деветти пат по ред е победник на трката за Големата награда на Германија пред 90.000 гледачи на Захсенринг

Шпанецот во деветтата трка од MotoGP шампионатот стигна до шестата сезонска побед (66-та во кариерата) и ја зголеми предноста во однос на големиот ривал Валентино Роси во генералниот пласман. Марк Маркез сега има 165 поени пред Валентино Роси со 119 и Маверик Вињалес со 109.

Овој редослед беше и на патекта Захсенринг. Маркез со две секунди предност го порази Роси, а трет по доброто возење во вториот дел од трката беше тимскиот колега на Докторот, Маверик Вињалес.

Возачот на Honda ја продолжи доминацијата на Захсенринг која трае од 2013 година (низата е започната уште од 2010 година во пониските категории) и покрај тоа што на стартот ја загуби пол-позицијата од саботните квалификации веќе во првиот свиок од Данило Петручи и Хорхе Лоренцо кој го презеде водството.

На почетокот од петтиот круг Маркез успеа да го помине Петручи, по што долго го гонеше Лоренцо, кој одолеваше на нападите се до средината на трката, кога Маркес покажа зошто е речиси една деценија неприкосновен Господар на патеката во Германија.

Маркез го помина својот сонародник од внатрешната страна во последната кривина од кругот, по што веќе беше недопирлив. Роси успеа да дојде зад него, искористувајќи грешка на Лоренцо, но не успеа да дојде во позиција да го нападне до крајот на трката.

Лоренцо на крајот од трката може слободно да се каже дека беше апсолутен губитник, бидејќи поради погрешниот избор на гуми, на крајот беше престигнат и од останатите ривали за врвот, по што заврши само како шести.

Четвртото место го освои Данило Петручи, пред петтиот Алваро Баутиста, седмиот Андреа Довициозо, осмиот Дани Педроса (во пресрет на трката најави дека ова е неговата последна MotoGP сезона), Жоан Зарко како деветти и Бредли Смит како последен од најдобрите десет.

Деветтата трка од сезоната ја одбележи и отсуството на Алеш Еспаргаро, кој доживеа тежок пад за време на загревањето. Возачот на Aprilia се здоби со тешки повреди на градниот и бише префрлен во болница, а неговиот помлад брат Пол учествуваше во најголемиот инцидент за време на трката, кој се случи уште во првиот круг и во кој учествуваше и Алекс Ринс на Suzuki.

MotoGP Sachsenring Germany 2018 (РЕЗУЛТАТИ)

MotoGP Sachsenring Germany 2018 (ЦЕЛА ТРКА/ВИДЕО)

MotoGP Sachsenring Germany 2018 (ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ТРКАТА/ВИДЕО)

MotoGP Sa 2018 (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)

MotoGP шампионатот продолжува со Големата награда на Чешка во Брно на 5-ти август.