Возачот на Repsol Hondа Марк Маркес е победник на MotoGP трката за Големата награда на Франција во Ле Ман, со што дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман

Ако може да се опише трката на Маркес во ЛеМан тоа би изгледало вака: седумкратниот светски првак започна од пол позицијата, во петтиот круг беше минат од Џек Милер од Pramak Ducati, но актуелниот шампион веќе по два круга повторно  се врати во водство и така ја заврши трката. Времето на Маркес на крајот беше 41 минута, 53.647 секунди.

За Маркес ова е 47-ма победа во кариерата, со што на вечната листа се изедначи со неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцo. Воедно ова е 300. победа за тимот на Honda.

Андреа Дoвиcиозо од Ducati го освои второто место со заостанување од 1.984 секунди зад победникот, додека трет беше Данило Петруци од Ducati со 2.142 секунди заостанување зад Маркес. Британецот Милер беше на крајот заврши како четврти, пред петтопласираниот Валентино Роси од Италија.

Во генералниот пласман, води Маркес 95 поени, пред Довициозо кој се искачи на второто место со 87 и Алекс од Suzuki, кој трката ја заврши како 3-ти.

Резултати:

https://youtu.be/JWFZVlQlUv4

Изјавија по трката:

Марк Маркес

Андреа Довициозо

Данило Петручи

Следната трка во шампионатoт е на 2 јуни во Мујер, за Големата награда на Италија.