Шпанскиот мотоциклист и возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, убедливо победи на трката за Големата награда на Аргентина во рамките на MotoGP шампионатот

Маркес многу брзо по стартот се стекна со предност пред другите возачи и до крајот на трката возеше трка за себе, оставајќи ги зад себе двата големи ривали, Валентино Роси и Андреа Довицио.

Докторот, Валентино Роси, на втората позиција стигна во последниот круг, кога успеа да го помине сонародникот од Ducati, Андреа Довициозо, кој потоа се обиде да си ја врати позицијата, но по грешка мораше да се задоволи со третото место.

Одличниот резултат за Yamaha на Роси не го надополни неговиот тимски колега Маверик Вињалес, кој не успеа да ја заврши трката, иако целосно се врати во трката по слабиот старт. Вињалес по контактот со Франк Морбидели во последниот круг претрпе болен пад, но по се, стана и му пружи рака на колегата од Petronas Yamaha.

https://youtu.be/6oCjAEHS31g

Австралијанецот Џек Милер, трката ја заврши на четвртата позиција пред петтиот Алекс Rins. Во бодови завршија и Данило Петручи, Накагами, Квартараро, Пол и Алеш Еспаргаро.

Резултати:

Moto GP Argentina 2019 Carrera highlights

https://youtu.be/etG7UzlcwtE

Изјавија по трката:

Следната трка се вози на 14-ти април, за Голематанаграда на Америка во Остин, Тексас.