MotoGP: Лесна победа за Маркез по карамболот на Лоренцo / ВИДЕО
Шпанскиот возач Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на Каталонија, но победата остана во сенка на инцидентот кој го предизвика неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо
Марк Маркес имаше исклучително успешен дена на патеката Каталуња во Барселона – стигна до третата победа во кариерата на оваа патека и ги освои можеби најлесните 25 бодови во својата кариера.
Трката само што започна, а веќе го видовме првиот инцидент. Бредли Смит го „собра“ Алеш Еспаргаро и го исфрли од мотоциклот. Еспаргаро очигледно беше повреден, бидејќи едвај седеше на неговиот мотовицкл и со помош на луѓето од боксот едвај се симна од истиот.
Веќе првите кругови од „Битката за Каталуња“, ветуваше многу интересна и напната трка. Марк Маркез ја помина Фабио Квартарара, по што ја загуби позиција од Андреа Довициозо за кого ова беше трка од исклучително значење во борбата за шампионската титула.
Минатогодишниот победник на трката во Каталуња, Хорхе Лоренцо, напредуваше значајно во поредокот и освојуваше позиции во секоја кривина. Но кога дојде ред да го нападне Маверик Вињалес, влезе премногу брзо во кривината, направи почетничка грешка, а исходот од неа беше „покосување“ и исфрлување од трката на тројца возачи во ист момент.
https://youtu.be/EC3DxrKe2IA
Жртвите на Лоренцо беа Маверик Вињалес, во тој момент лидерот Андреа Довициозо и легендата на MotoGP, Валентино Роси. Четири големи возачи и поранешен светски шампион во ист момент беа надвор од трката во Барселона.
Така, Лоренцо со својот несовесен потег ја уништи трката која ветуваше интересна битка се до крајот. Марк Маркез веднаш се одлепи и без проблеми стигна до нова победа и нови 25 поени во генералниот пласман. За да не биде само досадно вртење по патеката, се потрудија Квартараро, Петручи, Милер, Кратчлоу и Ринс во битката за пиедесталот.
Голема битка се водеше помеѓу Милер и Крачлоу, се додека британскиот возач не излета во песокот во кривината четири на шест круга до крај. Пред овој несреќен маневар, Алекс Ринс мајсторки успеа да остане на својот мотоцикл, притоа обидувајќи се да не ги „собере“ Петручи и Квартараро.
Квартараро успеа да се вози паметно и да го помине Петручи за позицијата број два, која ја одржа до крајот на трката, со што го обезбеди првиот подиум во својата кариера.
Последното место на пиедесталот го освои пред Алекс Ринс како четврти и петтиот Џек Милер.
На крајот треба да се спомене дека трката во Барселона успеаја да ја завршат само 13 возачи.
Со новата доминантната победа, Марк Маркес ја зацврсти својата водечка позиција во MotoGP шампионатот.
Pезултати:
Moto GP Catalunya 2019 Race highlights:
https://youtu.be/0tDHZKYt4q4
Изјавија по трката:
"With three laps to go, I decided third was good" – @Petrux9 ?️
The Ducati rider keeps his strong run of results going! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/BGNS1wRoRX
— MotoGP™ ? (@MotoGP) June 16, 2019
"I needed to make a gap before the straight" – @FabioQ20 ?️
The @sepangracing rider had to judge his tactics perfectly! ??#CatalanGP ? pic.twitter.com/BiimM8JPHF
— MotoGP™ ? (@MotoGP) June 16, 2019
"It's a good result for the championship" – @marcmarquez93 ?️
The reigning champion knows important today could be! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/lDTsAVWsP4
— MotoGP™ ? (@MotoGP) June 16, 2019
Следната трка од шампионатот се вози на 30 јуни во Асен за ГН на Холандија.