Возачите на Toyota, Фернандо Алонсо, Казуки Накаџима и Себастијан Буеми ја освоија втората титула за јапонскиот производител на трката 24 часа Ле Ман

Toyota Gazoo Racing ја освои својата втора шампионска титула по ред на 24 часа Ле Ман по голема драма во последниот час од трката во Светскиот шампионат.

Секвенцата која ја режираше драмата беа трите непланирани заминувања во на болидот на Toyota со број 7 управуван од Хозе Марија Лопес, по што водството во трката го презедоа и сочуваа до крајот „сестринските возачи“ Алонсо, Накаџима и Буеми.

Лопес беше во водство од 11 часот наутро, но мораше да оди во бокс поради проблеми со предната десната гума на 1 час и 3 минути пред крајот, за подоцна да му се случи и проблем со задната десна гума, како и проблем со електрониката.

Парот автомобили TS050 на Toyota очекувано доминираа во оваа трка на издржливост, имајќи водство во секој круг од трката.

Така, Алонсо стана троен светски првак на FIA, додека неговиот колега Накаџима стана првиот јапонски возач кој ја освоил титулата светски шампион во рамките на натпреварите на FIA.

Штофел Вандорм, Михаил Алешин и Виталиј Петров имаа одлично возење и за првпат се најдоа на подиумот. Веднаш зад рускиот претставник, се најдоа револуционерниот Rebelion R13 управуван од Нил Џени, Андре Лотер и Бруно Сена, кои исто така имаа проблеми на патеката, како и сестринскиот автомобил управуван од Томас Лорен.

Во 17-тиот час од трката беше дадена казна од три минути за небезбедно приклучување во трката по излегување од боксовите, па Лорен ја изгуби својата позиција на подиумот. Густаво Менесе еден час подоцна ја загуби контролата над своето Porsche и заврши во песокот.