На три трки до крајот од MotoGP шампионатот, Марк Маркез од Repsol Hondа со победата на трката за ГН на Јапонија и теоретски ја обезбеди седмата титула во кариерата, петта во најсилната категорија

Младиот Шпанец на патеката Twin Ring Motegi стигна до осмата сезонска победа и 69-та во кариерата, а титулата ја обезбеди бидејќи има недостижни 102 поени пред Андреа Довициозо.

Со новата шампионска круна, Маркез се изедначува со Мик Дуан по бројот на титули во кралската класа, а пред него сега се само уште Валентино Роси со седум и Џакомо Агостини со осум титули. Како потсетување, шпанскиот мотоциклист својата прва титула ја освои во класата до 125 кубика во 2010 година, две години подоцна, го освојува Moto2 шампионатот, за во следните шест години, пет пати да биде на престолот во најсилната конкуренција.

Првата шанса да стане седумкратен светски шампион Маркес ја имаше токму на патеката на Honda, а за да ја искористи требаше само да ја заврши трката пред единствениот конкурент за титулата Довициозо. Токму со него и ја водеше битката за највисокото место на подиумот во Мотеги, а беше решено на два круга пред крајот кога возачот на Ducati излета од патеката.

На крајот до второто место стигна Кал Крачлоу на LCR Honda, а на подиумот се искачи и возачот на Suzuki, Алекс Ринс.

Во поголемиот дел од Јапонското ГП, Довициозо беше оној кој беше во водство, но Маркез стрпливо го чекаше моментот за напад. Младиот Шпанец во средината на трката успеа да се најде пред возачот на Ducati, но брзо направи грешка и ја загуби првата позиција. Клучниот момент се случи четири круга пред крајот, кога Маркес повторно изби на првата позиција. Се чекаше одговор на Довициозо, но до тоа не дојде, бидејќи Италијанецот излета од патеката во претпоследниот круг.

2018 MOTUL GRAND PRIX OF JAPAN / Резултати:

2018 MOTUL GRAND PRIX OF JAPAN / Highlights:

2018 MOTUL GRAND PRIX OF JAPAN / Изјавија по трката:

MotoGP шампионатот продолжува следната недела со Aвстралискoто Гран-при на патеката Phillip Island.