Поради епидемијата на коронавирусот, МotoGP ја одложи и четвртата трка од шампионатот

Големата награда на Аргентина е преместена од април во ноември, а трката за Големата награда на Шпанија на патеката Херез ќе ја отвори новата сезона на 3 мај. 

Претходно веќе беа откажани првите три од сезоната. Првата трка за 2020 година, ГН на Катар на 8 март, беше откажана поради забраната за патување на лица од Италија и други европски земји, поради епидемијата. Нов термин нема. Вториот старт за Големата награда на Тајланд, закажан за 22 март, исто така е одложен и ќе се одржи на 4 октомври, исто како и ГН на САД во Остин (Тексас) која е презакажана за 15 ноември. Трката за Големата награда на Аргентина беше последната во низата и според новата програма, ќе се вози на 22 ноември. 

Како резултат на промените, последната трка од сезоната, ГН на Валенсија е преместена за 29 ноември.