
MotoGP: Фантастична трка во Австрија – Довициозо го надмудри Маркез во последната кривина!
Ducati останува несовладлив во Австрија
Нова фантастична MotoGP трка во Авсртија во која победата ја однесе Андреа Довициозо пред Марк Маркез и Фабио Квартараро.
Одличен старт на трката во Австрија, а освојувачот на пол позицијата во саботните квалификации, Марк Маркес, под притисок на останатите малку фалеше да се исфрли и себе и Довициозо од трката веќе во првиот круг.
Ситуацијата најдобро ја искористи Фабио Квартараро и ја запоседна водечката позиција, а за тоа време „Докторот“ Валентино Роси од десеттото место на стартот стигна до петтото место, веднаш зад Маркез.
Пол Еспаргаро и Кал Крачлоу веќе на стартот имаа инцидент и ја завршија трката.
Додека Маркез се мачеше да го помине Џек Милер на третата позиција, Роси дополнително му се доближи и паметно ја чекаше својата шанса дури и кога Милер ја загуби битката со актуелниот шампион на Honda.
Во меѓувреме Андреа Довициозо очекувано успеа да ја преземе лидерската позиција, а Квартаро набрзо потоа ја загуби и битката со Маркес кој сепак успеа да го мине Милер. Се останато до крајот беше само битка помеѓу Довициозо и Маркез.
А за тоа каква битка беше тоа доволно зборува тоа што лактите на Довициозо и Маркез во еден момент беа на растојание од буквално милиметар на 20 кругови до крајот, борејќи се за позиција во секоја кривина. За ова време, Џек Милер прави грешка во кривината број 9 по што неговото учество во трката беше завршено.
Во меѓувреме, Маркез го презема водството, дури и прави каква таква предност пред Довициозо, но Италијанецот не се предава. На девет кругови пред крајот повторно е на лидерската позиција.
Она што се случуваше во последните три круга од трката е возење за паметење, и од Довициозо и од Маркез. Маркез успева да го помине Довициозо, кој возвраќа но брзо повторно ја губи првата позиција.
Двајцата возачи во последниот круг влегуваат со благ допир, Маркез го држи водството и се обидува да создаде предност пред Андреа Довицизово, кој со нереален маневар во последната кривина, повторно го одзема здивот на гледачите и го минува Марк Маркез, освојувајќи ја трката за Австриското Гранд При!
Резултати:
Moto GP Austria 2019 race highlights:
https://youtu.be/GhjH_cWZVs0
Изјавија по трката:
"We never expected to be on the podium!" – @FabioQ20 ?️
The @sepangracing rider even surprised himself with his third place! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/zD0RvTzaQd
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) August 11, 2019
"It was a great battle because we respect each other!" – @marcmarquez93 ?️
Even in defeat, the world champion enjoyed the last lap battle! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/dlXTmVJMJs
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) August 11, 2019
"I'm so happy for Ducati. We needed this!" – @AndreaDovizioso ?️
This was a significant victory for the Italian! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/1qiUU1yma9
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) August 11, 2019
Следната трка од шампионатот се вози на 25. aвгуст за ГН на Британија.