Првите луѓе на Москва за 2021-2022 имаат големи планови – пуштање во промет на првите самовозечки трамваи

Проектот е развиен во соработка со PC Transport Systems и Cognitive Technologies, а за разлика од „автомобилите без возач“, оваа технологија, во случај на трамваите, има значително помалку непознати додека возилото се движи по шините.

Првите самовозечки трамваи веќе се појавија во Германија, во Потсдам, а во овој момент водечки земји во оваа област се Германија, Русија и Кина.

Во следните неколку месеци, Русија ќе започне со тестирање на автономните трамваи, при што операторот ќе биде задолжен за надгледување на движењето на возилото. Првите тестови ќе се вршат во контролирано опкружување, а не во редовниот сообраќај, додека следната фаза предвидува возење на една од редовните линии во Москва.

Самовозечкиот трамвај ќе може да открие и да препознае други возила во сообраќајот, други трамваи, пешаци, светлосни сигнали, положба на вкрстувања на шините, како и други потенцијални пречки.

Трамвајот автоматски ќе застане ако има пречки на шините, како што се автомобили или пешаци, а програмиран е да одржува безбедно растојание од предметите што се движат по шините. Како што се наведува, воведувањето на автономна технологија во трамваите, овој превоз треба да го направи најбезбедниот начин на јавен превоз.

Руските автономни трамваи ќе бидат опремени со 10-20 камери поставени по целото возило, како и до 10 радари. Возилото ќе има GPS сензори и прецизни електронски мапи за линијата по која се движи. Системот е дизајниран така што ќе може да функционира во сите временски услови.

Во првата фаза од спроведувањето на оваа технологија, автономните системи ќе се користат како помош на возачот на трамвајот во случај на опасност, за да во наредниот и ја преземат целосната контрола на возилото. Сепак, операторот и понатаму ќе продолжи да седи на позицијата предвидена за него како поддршка на системот, но исто така и поради тоа што се смета дека патниците психолошки сè уште не се подготвени за возење во трамвај без возач.