Ова е Bugatti Contodieci снимен на улица

Станува збор за хиперавтомобил со моќност од 1.577 коњски сили кој се движи тивко и покрај моќната ергела под капакот на моторот.

Bugatti Contodieci премиерно беше претставен на Pebble Beach Concours D’Elegance кога беше објавено дека ќе има ограничена серија и цена од 9 милиони американски долари.

Contodieci не само што е најскапиот модел во гамата на Bugatti, туку е и најмоќен. Под капакот се наоѓа W16 мотор, но со оглед дека снимениот примерок е безшумен, јасно е дека користи електричен мотор за движење низ град.

Сè уште нема информации за автономијата и максималната брзина на овој хиперавтомобил.