Моделите на Tesla почнаа самостојно да си вршат дијагностика
Извршниот директор на компанијата Илон Маск често повторуваше дека ваквата услуга е „приоритет број еден“ за него и дека планира да ја овозможи во вториот квартал од годината
Сега, покрај тоа што се дијагностицираат, моделите на Tesla можат и да извршат дојава до службата за помош на пат пред автомобилот конечно да застане на патот поради дефект. Од своја страна, сопственикот на автомобилот има можност да го откаже повикот.
Резервните делови за автомобилите на овој бренд отсекогаш биле проблем за клиентите на компанијата. Сега, се чини Tesla конечно го решила овој проблем. Овозможувањето на функцијата е потврдено и од страна на сопственици на Model 3 кои откриваат дека на екранот на нивниот автомобил ненадејно се појавила порака за „Барање за сервисна услуга“, што тие не ја дале.
„Во вашиот Model 3 е откриен дефект во системот за претворање на енергијата. Резервниот дел е веќе порачан кај од вас избраниот сервисен центар. Ве молиме, искористете ја вашата Tesla мобилна или логирајте се на вашиот профил на Tesla, за да одредите датум за посета“, се вели во пораката.
И од самата компанија има официјална потврди за достапноста на оваа функција:
„Нашите автомобили можат да следат некои детали и системи, така да сопствениците веднаш ќе знаат дали има потреба од замена на одреден дел“