Помеѓу електрифицираните верзии кои ќе се појави следната година се наоѓа и целосно електричната Corsa

Opel во 2019 година прославува 120 години производство на автомобили, а оваа годишнина ќе биде обележана со лансирањето на електрични и plug-in хибридни модели.

Кога станува збор за целосно електрични автомобили, секако, најинтересен е моделот Corsa EV, чија премиера е закажана за следната година.

Овој модел во продажните салони ќе се појави во првата половина на 2019 година, а како што беше најавено од страна на извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер, Corsa EV ќе овозможи електричните автомобили да станат подостапни за многу купувачи.

Opel во 2019 година ќе го понуди и Grandland X во Plug-in Hybrid издание, а кое ќе има AWD погон на сите четири тркала. Овој автомобил ќе го користат истиот погонски систем како и Peugeot 3008 HYbrid4 GT, со вкупна моќност од 300 КС (221 kW).

Освен 1.6-литарскиот бензински мотор PureTech со 200 КС (147 kW), хибридниот систем има и два електрични мотори, секој со по 110 КС (80 kW). Колку за потсетување, модел Peugeot 3008 HYbrid4 GT благодарение на пакетот батерии од 13,2 kWh има автономија од околу 50 километри само на електрична енергија, мери по новиот WLTP тест циклус.

Во 2019 деби ќе има и Opel Mokka X од втората генерација, кој исто така ќе добие електрифицирана верзија. Почетокот на производството на автомобилот е планиран за 2020 година.

За 2020 година е најавена и електрична верзија на лесниот комерцијалист Opel Vivaro.