Производствениот погон на групацијата BMW Лајпциг започна со производство на Серија 1 и Серија 2 Gran Coupe во индивидуални бои, односно оние што се ексклузивен избор и желба на клиентите, а понудата не е мала, ќе има 160 нијанси…

„Автомобили шарени како што сме ние“ е мотото на иницијативата на соработниците за подигнување на свеста кај вработените кога станува збор за различностите во фабриката на BMW Group Лајпциг. Сепак, ова мото сега добива дополнително значење бидејќи светот на автомобилите во Лајпциг овозможува изобилство на нови можности. Отсега, фабриката прави и возила во бои кои се индивидуална желба на клиентите. Првите BMW Серија 1 и BMW Серија 2 Gran Coupe за оние кои сакаат помалку обични бои се сјајни во Speed ​​Yellow, San Marino Blue, Verde Ermes Green и Nardo Grey.

Црната и белата боја се уште се меѓу најпопуларните бои за автомобили, но купувачите се повеќе бараат поизразени и индивидуални бои. Дилерите сега нудат 160 индивидуални опции за боја за BMW Серија 1 и BMW Серија 2 Gran Coupe. Книгите за нарачки со оваа посебна погодност во одност на бојата се исполнети, а погонот ќе има полни раце работа до крајот на годината. Следната голема нарачка е за 180 возила на BMW 118d во сребрена, рубин црвена и виолетова боја за BMW Јапонија.