Акциите на Tesla паднаа за 5% по премиерата на новиот кросовер

Фановите на Tesla се воодушевени од новиот Мodel Y, но не и Wall Street. Пазарот на акции не само не е импресиониран, туку реагираше и на спротивен начин – акциите на компанијата паднаа за 5%.

Според аналитичарите на пазарот на акции, претставувањето на Model Y не бил настан кој би предизвикал позитивни емоции. Причината за стравовите на експертите е сличноста помеѓу Model 3 и Model Y која е преголема и според нив ќе резултира со намалување на продажбата на седанот. Така би била компензирана заработката која Tesla би требало да ja оствари од почетокот на продажбата на новиот модел.

Сепак, идејата на компанијата за лансирање на кросовер со средна големина е добра, бидејќи продажбата на седани опаѓа во светски рамки токму поради SUV моделите. Трендот ги притиска дури и брендовите како што е Ferrari да реагираат и да понудат кросовер модели.