Пет месеци по првите фотографии, BMW објави и видео со долгоочекуваните два помали SUV модели –  X3 и X4 во М варијанта

Видео клипот со кросовер моделите со М перформанси најавува дека тие „доаѓаат наскоро“, а со оглед дека се ближи саемот во Женева во март воопшто не би било изненадување токму таму да го здогледаат светлото на денот.

Моделите X3 M и X4 M ќе делат ист мотор, односно новиот 3.0-литарски twin turbo со шест-цилиндри и 444 КС / 331 kW. Погонскиот агрегат е спарен со автоматски менувач со осум брзини и M-tuned xDrive системот за погон на сите тркала, сличен на оној што се наоѓа во M5.

Сеуште не се објавени бројки за перформансите, но и двата ќе бидат побрзи од M40i, кој до 100 km/h спринта за помалку од 5 секунди. Тоа значи дека се очекува време од 4 секунди или помалку. За споредба, Mercedes AMG GLC има официјално време од 3,8 секунди за варијантите „S“, кои користат 4.0-литарски twin-turbo V8 со 503 КС / 375 kW.

Баварскиот гигант најавува дека новите две М верзии во SUV класата, по X5 M и X6 M ќе бидат најзабавните BMW SUV модели за возење.

https://www.facebook.com/BMW.M/videos/386232708619116/