Model Y во два наврати навлегува во спротивната лента, за малку удира во огромен камион и прави многу нелегални сообраќајни потези

Tesla е вест секоја недела од различни причини. Понекогаш тоа е затоа што изработуваат производи кои се шокантно брзи, за друг пат објавите во медиумите да се однесуваат на производи на кои им недостасуваат, на пример, плочките на сопирачките. Како и да е, оваа вест се однесува на системот за целосно автономното возење кој како што може да се види е многу далеку од декларираното ниво 4.

Тејлор Оген, извршен директор на Boston Hedge Fund и самиот сопственик на Tesla Model Y, неодамна ги снимил своите искуства со електричниот модел и сосема нормално предизвика вознемирување кај луѓето. Колку за потсетување тој уште во јули 2021 година покажа дека FSD Beta 9.1 не застанува на СТОП знаците. 

Сега, Тејлор повторно „крева прашина“ со новото видео за Model Y во кое системот за „целосно самостојно возење“ го управува возилото низ некои од најпрометните улици во Бостон. Видеото што го објавил на Twitter е сосема јасно. Системот за целосно независно возење има големи проблеми кои треба да се решат. За помалку од 10 километри возење, Model Y во два наврати навлегува во спротивната лента, за малку удира во огромен камион и прави мноштво неправилни движења и вртења. Среќа што зад него немало полициско возило. А уште поголема среќа и што на крајот никој не е повреден.