Домашните миленици често можат да предизвикаат неред, но сопствениците обично им простуваат. Исто како сопственикот на оваа млада мечка

Видеото доаѓа од Обединетите Арапски Емирати и прикажува млада мечка како доаѓа до Lamborghini и љубопитно се исправува за да дофати јаболко. Се крева на вратата од портокалово Lamborghini. Иако се работи за Huracan Performante, вратата не можела да издржи таков товар.

Мечката така случајно ја скинала вратата и му приредила значителен трошок на сопственикот. Многумина ќе се изненадат што сопственикот само се смее на се, но уште почуден е фактот што некој има мечка за домашно милениче.

Сепак, сè станува јасно кога ќе дознаете дека станува збор за шеикот Хумаид Абдула Албукаиш, колекционер на автомобили од Дубаи, кој е познат и по тоа што има многу егзотични миленици, покрај лимените. Во неговата приватна зоолошка градина има тигри, лавови, хиени и змии. Кога станува збор за автомобилите, овој Huracan е само дел од ергелата на Lamborghini во неговата (пре)богата колекција.

Шеикот е доста популарен на социјалните мрежи, а милиони обожаватели ја следат неговата специфична љубов кон автомобилите и дивиот свет.