Mitsubishi го враќа новиот Outlander во Европа
Добрата продажба на претходната генерација е причина за промена на одлуката на Јапонците
Јапонскиот производител Mitsubishi ја разгледува можноста за продажба на новата генерација на Outlander во својата хибридна верзија на европските пазари, пренесува изданието BestCarWeb, повикувајќи се на свои извори.
Минатата година, компанијата објави дека ги повлекува повеќето од своите производи, вклучувајќи го и Outlander, од европскиот континент. Во Европа сега се достапни само хечбекот Space Star, кросоверот Eclipse Cross, ASX, пикапот L200 и преостанатите непродадени единици на Outlander PHEV.
Сега, раководството на Mitsubishi се подготвува да ја преиспита оваа одлука со лансирањеto на новиот Outlander во неговата хибридна верзија. Следната генерација на моделот ќе се појави во Јапонија кон крајот на годината, а продажбата во САД ќе започне во 2022 година.
Сегашната генерација на кросоверот беше доста успешна на Стариот континент, каде всушност стана најпродаваниот plug-in хибрид. Во 2020 година, дилерите на марката продале повеќе од 26.000 единици на моделот, што очигледно е добра причина за јапонскиот производител да ја преиспита својата одлука.