Минимално зголемување на цената на бензините, дизелот на исто ниво
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 2,49%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 06.04.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.