Произведен за првпат во 1959 година, Mini во меѓувреме нараснал речиси еден метар. И постојано расте

Моделите на Mini во наредниот период би можеле уште повеќе да се „пораснат“, што претставува еден вид на оксиморон за бренд кој својот имиџ го има создадено токму на својата големина.

Следната генерација на Contrymen, најскапиот Mini во историјата на брендот, треба да биде долг околу 4,3 метри, проследен со новиот слоган на компанијата „Нашиот најголем Mini до сега“. Станува збор за околу 7,5 сантиметри повеќе од претходната генерација. За споредба, првиот мини модел од 1959 година е долг околу три метри.

„Се сеќавам на автомобилите пред 15-20 години и не сакам повторно да имам такво искуство. Денешните автомобили се поголеми, но исто така и многу побезбедни“, рече директорот за внатрешен дизајн на Mini, Флоријан Нисл.

Сепак, причината за растот на Mini не е само поради удобност и безбедност, туку и поради новите технологии, првенствено погонски системи.

Mini Countryman за 2019 ќе има и хибридна верзија, а се планира и електричен модел со три врати. За такви верзии секоако е потребен повеќе простор за батериите.