Mini го слави својот 60-ти роденден
Британскиот производител неодамна го произведе својот 10-милионити автомобил во својата шест-децениска историја
Популарнiot Mini светлото на денот го здогледа пред точно 60 години – 26 август 1959 година, кога е претставен првиот модел под Mini Morris – Minor. Во тоа време производител е компанијата BMC (British Motor Corporation).
Во првата деценија од своето постоење, се продава во рамките на британските брендови Morris и Austin, a првично погонот е 4-цилиндерски бензинец со 34 коњски сили. Иако од денешната перспектива моторот изгледа прилично слаб, во тоа време дури и за толку мал автомобил бил сосема доволен.
Mini многу брзо ја стекнал наклоноста на автомобилските вљубеници, како на Островот така и на другите пазари, а во 1960 година понудата е проширена со ван верзија, а брзо потоа и со караван варијанта. Во 1961 година, фабриката лансира и пикап верзија.
Следи првата Cooper варијанта, развиенa од познатиот инженер за спортски автомоили, Џон Купер. Производството на оригиналниот Mini Cooper било ограничено на само 1.000 единици, а како погон е користен 1.0-литарски мотор со 55 КС.
За купувачите кои на кои тоа не им било доволно, направена е верзија Cooper S со мотор со 1,071 кубни сантиметри кој испорачува 70 КС. Cooper S во 1963 година се појавува и на рели патеките, за набрзо да биде и победник во својата класа на релито во Монте Карло. Истиот успех го повторува и во 1964, 1965 и 1967 година.
Големата пресвртница за Mini доаѓа во 1994 година, кога веќе заборавената марка ја купува BMW Group.
BMW продолжува да го произведува класичниот MINI, со неколку унапредувања и модернизации, вклучително и инсталација на воздушни перничиња во 2000 година.
Конечно, во 2001 година, е воведена современата верзија на MINI, со модерен дизајн, но во ретро стил, од од која ќе биде создадена цела нова генерација на модели, вклучувајќи ги Cabriolet, Coupe, Roadster, Clubman, Countryman …