Минатогодишниот бум со виртуелни трки продолжува и оваа година
Рејтингот на виртуелните трки доживеа скок од 1.340 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година
По рекордната 2020 година, виртуелните трки (SIM Racing) се во одлична позиција во 2021 година да соборуваат нови рекорди. Продолжувањето на глобалната пандемија и последиците од откажувања на трки уште во 2020 година резултираше со зголемување на бројот на виртуелни трки. Дмитриј Козко, извршен директор на Motorsport Games, вели дека индустријата за симулирани или виртуелни трки во моментов има голем момент што најверојатно ќе се покаже со на нови игри, како и организација на големи и високи профилирани настани во 2021 година. Motorsport Games, инаку издавач на NASCAR Heat франшизата, во 2020 година одржа над 50 eSport настани, чија гледаност ја надминала бројката од 50 милиони гледачи, што е пораст од 1.340 проценти во споредба со претходната 2019 година (3,8 милиони гледачи во 2019). Најуспешен настан бил виртуелниот Ле Ман кој привлекол публика од 14 милиони гледачи.
Се чини дека и 2021 година ќе биде, и покрај кревкото враќање на вистинскиот моторспорт, година на виртуелен моторспорт. Веста дека Electronic Arts го презела издавачот на F1 симулации Codemasters за огромни 1,2 милијарди американски долари само докажува дека глобалната пандемија во голема мерка помогна во популаризација на виртуелниот моторспорт.
Веќе се најавени бројни блокбастер наслови за 2021 година, како што се Gran Turismo 7, Test Drive Unlimited, Forze Horizon 8 и новиот Assetto Corse. Исто така, доаѓањето на новите платформи како Play Station 5 и новиот Xbox и дополнителниот напредок во хардверот кои се сè попристапни за пошироката популација, како новиот волан G923 на Logitech, само ќе придонесат за уште посилен развој и популаризација на виртуелниот моторспорт.