За Mercedes X-класата нема место во светот на автомобилите

И покрај позитивните критики по премиерата, Х-класата на Mercedes ќе престане да се произведува.

Според Automotive News, причината е едноставна – многу мала побарувачка, а Mercedes-Benz „гаси“ се што создава непотребни трошоци.

Така, една од жртвите во процесот на намалување на трошоците е X-класата, која минатата година е продадена во само 16.700 примероци во Европа, Австралија и Јужна Африка.

Ова е далеку од очекувањата и секако причина зошто не генерира доволно приходи за да се оправда продолжување на производството.

Покрај тоа, на оваа одлука донекаде веројатно има влијание и несигурното опкружување, односно неизвесноста околу продолжувањето на соработката помеѓу Daimler и Алијансата Renault-Nissan, која имаше важна улога во создавањето на Х-класата.

Првиот, а веројатно и единствениот камионет на Mercedes, во суштина беше преправен Nissan Navara со логото на германската марка. 

Создадена во Барселона, X-класата меѓу другото веројатно не успеа и поради високата цена. Во Германија, овој луксузен камионет чини околу 37.000 евра, а со V6 мотор речиси 49.000 евра.

Како споредба, најпопуларниот пикап во светски рамки, познатиот Ford F-150 во серијата Platinum има слична цена. Покрај цената, проблем се и фабричките дефекти, поради што Mercedes-Benz имаше неколку отповикувања на моделот.

 

Како и да е, се лини дека Mercedes треба да се држи до она што најдобро знае да го прави – премиум лимузини и кросовер односно SUV модели.