Во својот последен проект, дизајнерската куќа Carlex Design во рамките на одделението Pickup Design го покажува „лошото“ лице на Mercedes X-Class и тоа со шест тркала

Засега ова „чудовиште“ постои само на хартија, но Carlex Design ветуваат дека сите панели ќе ги направат од карбонски влакна.

Во нивниот дизајн доминираат масивен вентилациски отвор на хаубата, дополнителни светла над шофершајбната, третата оска со проширени калници за да се овозможи простор за поголеми тркала….

На темната каросерија контраст дава заштитната жолта боја, а Pickup Design планира да вгради и карбон-керамички дискови за сопирање и специјална суспензија.

Нема информации за модификацијата на погонскиот мотор, така што веројатно овде служи стандардниот 3.0-литарски V6 турбодизел со 258 КС и вртежен момент од 550 Nm.

Возилото се нарекува Exy Monster X Concept, а останува да се види колку е реално да се очекува ова чудовиште со три оски и шест тркала на патиштата.