Mercedes се извини на Кина за цитирањето на Далај Лама
Германскиот производител ги налути Кинезите кои протераниот Далај Лама го сметаат за опасен сепаратист
Извинувањето на Mercedes следи по негативните реакции од Кина на цитат од зборовите на Далај Лама во реклама за новата E-Class Coupe, која беше објавена на Instagram.
За неупатените, германската автомобилска компанија на својот Instagram профил објави фотографија од новиот модел проследена со зборови на тибетскиот духовен водач „Погледнете ја ситуацијата од сите страни и ќе станете поотворени“.
Иако во Кина оваа социјална мрежа е блокирана од властите, голем број на Кинези користат системи кои им дозволуваат да ја избегнат оваа и слични забрани, па остро реагираа на објавувањето на Mercedes, кој прво ја повлече спорната фотографијата, а потоа испрати извинување.
Производителот своето извинување го објави на својот профил на социјалната мрежа Weibo, наведувајќи дека се свесни дека цитатот на Далај Лама ги „повредил чувствата на кинескиот народ“.
„Ние ќе преземеме чекори за да го продлабочиме нашето разбирање за кинеската култура и вредности, за да ги стандардизираме нашите идни активности и да се обезбедиме ваков пропуст да не се случи повторно“, се вели во соопштението на Mercedes.
Брзата реакција на Mercedes и јавното извинување не се изненадувачки, бидејќи производителот не сака да го загрози својот углед во Кина, која во последниве години стана најголемиот извозен пазар за многу глобални автомобилските компании.
Mercedes-Benz apologizes after angering Chinese by quoting Dalai Lama https://t.co/ABDFROwh3v pic.twitter.com/Bs9ZcpMWvO
— People's Daily,China (@PDChina) February 7, 2018