Mercedes ја укинува ознаката EQ за своите електрични автомобили: Веќе не е потребна!
Mercedes ќе се откаже од ознаката EQ во 2024 година, кога ја лансира нова генерација на електрични возила
Mercedes-Benz е подготвен да ја укине ознаката EQ која ја користи за своите електрични автомобили, објави германскиот деловен весник Handelsblatt. Одлуката се заснова на фокусот на извршниот директор Оле Калениус на чисто електрични автомобили, што ја прави етикетата EQ непотребна бидејќи Mercedes ќе се откаже од моторите со внатрешно согорување.
Mercedes го користи името EQ за своите целосно електрични и хибридно-електрични автомобили. За прв пат ознаката беше претставена на електричниот SUV EQC во 2019 година, за денес под оваа ознака на пазарот да се нуди цела гама на возила.