
Mercedes ја ажурираше и најмоќната Е-класа / ФОТО+ВИДЕО
Верзиите AMG E 63 се сериозно надградени, но го задржуваат моторот
Mercedes-Benz го заврши освежувањето на моделите од семејството E-класа, кое започна во март. Последни во низата се седан и караван верзијата на Mercedes-AMG E 63, кои дебитираат скоро истовремено со главниот конкурент BMW М5. Ова е последниот модел претставен од првиот човек на AMG – Тобијас Моерс, кој ја напушта функцијата на 1 август за да го преземе кормилото на Aston Martin.
Дизајнот на освежениот Е 63 е во стилот на моделите со помала моќност, но сепак има разлики. Пред сè, тука се новите фарови и решетката на ладилникот, а редизајниран е и предниот браник. Слично е и на задниот дел, каде што се рестилизирани светлосните групи и задниот браник.
Седанот е стандардно опремен со мал спојлер на крајот од капакот на багажникот. Овој спојлер може да биде во боја на каросеријата, а може да биде изработен и од јаглеродни влакна.
Внатрешноста е модернизирана во согласност со најновите стилски и технолошки решенија на германскиот производител, а тоа ја подразбира најновата генерација мултимедијалниот систем MBUX со два поврзани дигитални екрани и нов управувач.
Под капакот на моторот сеуште се наоѓа 4.0 twin-turbo V8 кој во базниот Е 63 произведува 571 КС (420 kW) и 750 Nm, а во S варијантата 612 КС (450 kW) и 850 Nm. Погонската единица е спарена со 9-брзински AMG Speedshift автоматизиран менувач со двојна спојка, а моќноста се пренесува на сите четири тркала.
Кога станува збор за забрзувањето, седанот Е 63 од 0 до 100 km/h забрзува за 3,5 секунди, а караванот за 3,6 секунди. На помоќниот седан Е 63 S до „стотка“ му се потребни 3,4 секунди, а 3,5 секунди на караван верзијата.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1u9O00bt4IaX-RV4Xhn67nAjmWP9u9xGS” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Датумот за старт на продажбата и цените ќе бидат објавени дополнително.