Новата S-класа штотуку пристигна, а веќе се соочува со проблеми

Многу веројатно станува збор за комбинација на конструкциска грешка и контрола на квалитетот, поради што Mercedes на почетокот од оваа година мораше да направи повлекување или отповик на S-класата.

Поради пократка внатрешна спона односно пократка внатрешна спојка, постои можност возилото да не може да издржи динамички оптоварувања, поради што е можно да се изгуби контролата и сето тоа да заврши со сообраќајна несреќа.

Сопствениците на новата S-Class ќе мора да посетат сервисен центар каде што уште еднаш ќе бидат прегледани елементите на шасијата. 

„Се извинуваме за потребата од вонредна посета на сервис и се надеваме на ваше разбирање“, велат од Mercedes. Како оправдување, тие велат дека грешката не била забележана на време затоа што внатрешната врска пристигнала како дел од поголема целина која е директно инсталирана во возилото.

S-класата се произведува во ултрамодерната фабрика 56 во Синделфинген, во која Daimler инвестираше околу 730 милиони евра.