Криза? Се чини, не и во Mercedes

Од 1997 година, производителот редовно дели дел од својот профит со своите вработени давајќи им бонуси. Тие за 2022 година ќе бидат исплатени во април и ќе бидат рекордни.

Mercedes заврши тешка година со солидни резултати. Компанијата е свесна колку вработените стојат зад нејзиниот успех и, покрај светската криза, има намера да ги награди и со бонуси.

Бонусите за 2022 година ќе бидат уште повисоки од претходните, за 2021 година. Тогаш вработените добија по 1.300 евра бонус. Сега ќе добијат најмногу 7.300 евра. Бонуси ќе добијат 93 илјади работници и ќе бидат исплатени како додаток на плата во април 2023 година.

Треба да се напомене дека производителот се решил на толку високи бонуси и покрај трошоците од повеќе милијарди долари кои се појавуваат на хоризонтот. Mercedes до крајот на деценијата има намера да потроши 47 милијарди долари за развој на електромобилноста.

Тука не станува збор само за нови платформи и модели, туку и за изградба на најмалку осум фабрики за батерии.