Mercedes EQ моделите се достапни со Spatial Audio на Apple со поддршка за Dolby Atmos
Spatial Audio го револуционизира начинот на кој уметниците создаваат и обожавателите слушаат музика, за фантастично ново искуство
Љубителите на добра музика знаат за што се работи, а Apple Music Spatial Audio со поддршка за Dolby Atmos сега е достапен за прв пат во моделите на Mercedes-Benz. Двете компании открија дека Apple Music со Spatial Audio сега ќе биде целосно интегриран преку инфозабавниот систем MBUX во Mercedes-Maybach S-Class, EQS, EQS SUV, EQE, EQE SUV и стандарднaта S-класа.
Сопствениците на Mercedes кои веќе се претплатиле на Apple Music ќе добијат моментален пристап до песните достапни во Spatial Audio. Ограниченото издание на Mercedes-Maybacha Virgil Abloh беше првиот модел на Мерцедес кој понуди ја Spatial Audio технологијата преку својот премиум звучен систем Burmester 4D.
Дополнително, претплатниците можат да пристапат до целиот каталог на Apple Music од 100 милиони песни, илјадници плејлисти и дневен избор од врвни светски музички експерти, вклучувајќи ги сите изведувачи и домаќини кои емитуваат на Apple Music 1, Apple Music Hits и Apple Music Country глобални радио станици.
„Квалитетот на звукот е неверојатно важен за Apple Music, и затоа сме толку возбудени што работиме со Mercedes за да го направиме Spatial Audio на Apple Music достапно природен во автомобилот за прв пат“, вели потпретседателот на Apple за Apple Music и Beats, Оливер Шусер.
„Spatial Audio го револуционизира начинот на кој уметниците создаваат и обожавателите слушаат музика и тоа е искуство невозможно да се објасни со зборови; мора да го слушнете сами за да го цените. Заедно со Mercedes, сега имаме уште повеќе можности да им донесеме целосно извонредна музика на нашите претплатници ширум светот“.
Дополнително, Mercedes го воведува „Golden Sound Standard“. Имено, најголемата светска музичка компанија, Universal Music Group, официјално го заснова својот процес на одобрување песна на квалитетот на звукот во возилата на Mercedes.
Ова ново партнерство, неспоредливо во автомобилската индустрија, создава совршена хармонија помеѓу хардверот, звучното искуство, музичката содржина и платформата за беспрекорно и извонредно аудио искуство во автомобилот.
Со овој нов аудио стандард, UMG им овозможува на своите изведувачи да го засноваат процесот на одобрување на песната на тоа како звучи конечниот микс во Mercedes-Benz и го воведува печатот „approved in a Mercedes‑Benz“ како златен стандард за звук. UMG дополнително планира да постави студиско опкружување во Синделфинген, Германија, базирано на Studio C Capitol Studios, главното глобално референтно музичко студио за Dolby Atmos миксање.
Burmester премиум 4D звукот се состои од 31 звучник, вклучувајќи шест 3D звучници на покривот, 4 звучници на предните седишта, сабвуфер, 8 звучни претворувачи на звук, 2 засилувачи и моќност од 1.750 вати.
„Ги здружуваме силите за да им понудиме на нашите клиенти референтно музичко искуство неспоредливо во индустријата“, додава членот на управниот одбор на Mercedes-Benz Group, Маркус Шафер. „Горди сме што нашите возила ќе бидат првите уреди што не се на Apple, а кои природно ќе имаат извонредно просторно аудио со Dolby Atmos. Ова беспрекорно искуство покажува како забавата во автомобилот може да достигне возбудливи нови нивоа преку совршена интеграција на хардвер и софтвер“.