![Mercedes Е-класа може да се нарача само караван варијанта!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/03/mercedes-e-klasse-t-modell.jpg)
Mercedes Е-класа може да се нарача само караван варијанта!
Во Германија, Mercedes ги прекина нарачките за седанот со образложение дека производството е пополнето
Следната година Mercedes ќе ја лансира новата генерација на E-класата – повторно на дизел или бензин, како и во седан и караван верзија. Но, ако одлучите да нарачате примерок од сегашната генерација на моделот, ќе заглавите – затоа што ќе можете да го нарачате единствено комби односно караван варијантата (Т-модел). Во Германија, Mercedes ги прекина нарачките за седанот со образложение дека производството е пополнето. Потсетуваме дека од јануари Mercedes не прима нарачки за SUV моделот од G-класата. Сево ова значи дека ако барате седан верзија од E-класата, ќе треба да прашате за достапност кај локалните дилери – или користен автомобил.
Според публикациите во германските весници Stuttgarter Zeitung и Stuttgarter Nachrichten, прекинот на нарачките е поврзан и со недостигот на чипови, што во моментов е голем проблем за целата автомобилска индустрија. Како резултат на тоа, гигантот испорачал пет проценти помалку автомобили отколку во 2020 година.
Според производителот, E-класа е најпродаваниот модел на Mercedes – од 1950-тите до денес, таа и нејзините претходници (иако со други имиња) се продадени во околу 14 милиони примероци. Моделот последен пат беше ажуриран во 2020 година.